Словенија ја победи Русија, Канељас и Душебаев ја предводеа Шпанија до тешката победа против Бразил


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште две 1/8 финални натпревари се одиграа денес на СП.

Словенија ја победи Русија со 26:32 во натпревар од 1/8 финалето на СП.

Шелменко и Шишкарев му донесоа водство на Русија од два погодоци, 5:3. Доленец и Мачковшек во 11-та минута го израмнија резултатот, 7:7.

Словенија до првото поголемо водство на натпреварот стигна во 18-та минута, 9:11. Деревен и Каралаш постигнаа два погодоци во низа за израмнување, 11:11.

Пред крајот на првото полувреме Шишкарев, Дибиров и Деревен погодија за 15:13.

На почетокот на второто полувреме Словенија со погодоците на Кавтичник и Гребенц го израмни резултатот, 16:16.

Петте погодоци во серија на словенците му донесоа предност од пет погодоци во 41-ва минута, 18:23.

Маргуч и Цингесар зголемија на шест погодоци предност, 20:26. Словенија на крајот победи со 26:32 и се пласира во 1/4 финале на СП.

Дарко Цингесар ја предводеше Словенија со 6 погодоци. Данил Шишкарев и Александр Деревен беа најефикасни кај Русија со по 5 погодоци. Тимур Дибиров постигна 3 погодоци.

 

Репрезентацијата на Шпанија го победи Бразил со 27:28 во натпревар од 1/8 финалето на СП.

До седмата минута од натпреварот се играше гол за гол, 5:5. Чиуфа и Лангаро погодија за 7:5.

Силва и Алмеида му донесоа водство на Бразил од три погодоци во 18-та минута, 11:8. Балагер и Фернандез возвратија со иста мерка и намалија на еден негатива, 11:10.

Три минути пред крајот на првото полувреме шпанците со погодоците на Балагер и Ентрериос израмнија, 16:16. До крајот на првото полувреме бразилците постигнаа два погодоци во низа. Позер беше автор на двата погодоци за водство на полувреме на Бразил од два погодоци, 18:16.

Четирите погодоци во серија на шпанците му донесоа водство после подолго време, 20:21 стоеше на семафорот во 41-ва минута.

Две минути пред крајот на натпреварот Ривера од пенал погоди за водство на Шпанија, 26:27. Душебаев погоди за победа на Шпанија и пласман во 1/4 финале, 27:28.

Жоан Канељас и Алекс Душебаев ја предводеа Шпанија до победа со по 5 погодоци. Кај Бразил најефикасен беше Жоао Педро Силва со 7 погодоци.