До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Случајот е разрешен, горчлив вкус останува. После целата ова приказна јасно е кој се прашува во италијанскиот фудбал…
Мауро Икарди остана капитен на Интер, но ќе се извини на навивачите и ќе ја повлече екипата од продажба. Таа ќе биде печатена без епизодата во Сасуоло, односно негово видување на целата ситуација околу конфликтот со навивачите.
Покрај тоа, казнет е, парично, но износот не е соопштен поради кршењето на клупскиот правилник, не е прецизинирано за што се работи.
Аргентинецот така прифати на компромис, но тоа секако нема одма да го излечи конфликтот со навивачите.
Тие веќе се огласија со констатација дека Икарди за нив е минато, ќе ги слават неговите голови бидејќи како што велат е платен да игра за Интер, но за нив Аргентинецот не постои.
Во прашање е веројатно навивачки колорит кога се во прашање ваквите изјави, но се што се случи покажува колку Фабио Капело кога тведи дека навивачите го управуваат италијанскиот фудбал.
Да потсетиме, пред неколку недели ја „скинаа“ лентата на Сторари во Каљари, бидејќи дојде од Јувентус, а клубот потпиша капитулација.
Сега клубот одма го осуди Икарди, прво тоа фго направи Занети, легендата на Интер и потпретседател на клубот, со констатација дека навивачите мора да се почитуваат.
Но, кои навивачи? Тоа е основно прашање, бидејќи не се навивачите единствено позади голот. Во неделата против Каљари, останатите од трибините аплаудирсаа на Икарди и свиреа навредливи повици кон капитенот од северната трибина.
Тие не го делат мислењето на клубот, а поголем дел од нив плаќаат претплатнички карти, па така не е јасно поради што навивачите позади голот имаат повеќе права отколку овие другите.
Сите овие прашања долго се проблем, не само на италијанскиот фудбал, но во прашање е голема фудбалска земја, сериозна лига која никако не може да се споредува со балканските натпреварувања каде што хулиганите имаат се повеќе моќ.
Но, и на Апенините јасно е дека тие се прашуваат, многу има вакви случаеви, на крајот играчот мораше да попушти, а ова само ќе ја засили моќта на Ултрашите и веројатно дека се најважни на стадионите.















