„Смешно ми е кога ќе видам што Симеоне работи со новите играчи“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне даде многу интересна изјава во која опиша како изгледаат првите тренинзи на фудбалерите кои штотуку ќе стигнат на Винсете Калдерон.

Според неговите зборови, ритамот кој го наметна Диего Симеоне во  стартот ги шокира сите новајлии кои се денови после тоа што ги раскажуваат своите искуства.

„Верувајте ми смешно ми е кога ќе видам што Симеоне работи со новите играчи. Секој пат одново се смеам кога ќе почнат подготовките“, започна Годин, и продолжи:

„Кога во клубот ќе дојдат нови играчи обично не се свесни што ги чека овде. Потоа го одработуваат првиот тренинг и тогаш со денови пробуваат да дојдат на себе. Диего Симеоне тоа го следи од позадина со насмевка“.

Диего Годин во Атлетико стигна во 2010 година од Виљареал и во минатите години беше еден од најстандардните играчи под тренерската палка на темпераментниот Аргентинец.