Соколите декласирани од Пеџа


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Карпош Соколи беа поразени во БИБЛ од Пеџа на гости со 90:64.

    Одлично го отворија натпреварот кошаркарите на Пеџа и после четвртина имаа водство од 24:12. Во втората четвртина продолжи одличната игра на домашните кошаркари и на полувреме заминаа со водство од 50:33. Дебакл на соколите во третата четвртина во која постигнаа само десет поени. 76:43 стоеше на семафорот после третата четвртина. Во последниот дел од натпреварот без поголеми промени на теренот, а Пеџа славеше со 90:64.

    Рандлс и Рид со по 20 поени ја предводеа Пеџа до победа. Весели додаде 15, а Дахлман 13 поени. Врбанц беше најефикасен во тимот на Карпош Соколи со 17 поени. Двоцифрени натпреварот го завршија и Мавра со 13 поени и Зековиќ со 11 поени.

    Карпош Соколи во следното коло ќе го пречека Трепча.