Соколите испуштија голема предност – Трепца се радуваше на првата победа во БИБЛ


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Карпош Соколи беа поразени на гостувањето во Косово против Трепца во натпревар од БИБЛ лигата со 82:80.

    Лошо стартуваа соколите, 7:2. Гостите од Скопје успеаа да се вратат во натпреварот и да направат пресврт, 20:25. Соколите во втората четвртина стигнаа и до осум коша предност, 30:38, но до крајот на првото полувреме домашните кошаркари намалија на четири негатива, 36:40. Се менуваа водствата во третата четвртина. Пред последните десет минути од натпреварот соколите стигнаа до шест поени предност 58:64. Пенов погоди тројка за соколите на стартот на последната четвртина. Соколите потоа имаа голема предност од 12 поени, 60:72. На минута до крајот на натпреварот Скот погоди тројка за израмнување, 78:78, а потоа и двојка за превсрт. Кошаркарот на Карпош Соколи, Пери со погодената двојка го израмни резултатот, 80:80. Американецот Пери на седум секунди до крајот на натпреварот направи фаул, а Скот ги погоди двете слободни фрлања за победа на Трепца, 82:80.

    Скот со 24 поени ја предводеше Трепца до победа. Зекики додаде 16, Фредериќ 12, а Диминиќ 10 поени. Кај Соколите, Пери најмногу се истакна со 17 поени. Дувњак го заврши натпреварот со 16 поени, а двоцифрен беше и Зековиќ кој постигна 12 поени.

    Прва победа за Трепца во БИБЛ, а втор пораз за Карпош Соколи.