Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Кошаркарите на Карпош Соколи славеа со во натпревар од дветото коло од АБА лигата во салата Борис Трајковски против Будуќност.
Будуќност одлично го отвори натпреварот и првата четвртина ја доби со седум поени предност, 18:25. Во втората четвртина соколите успеаа да израмнат и да направат голем пресврт. Со 43:33 кошаркарите на Карпош Соколи заминаа на полувреме. Третата четвртина повторно беше одлична за соколите, ја задржаа предноста и во последните десет минути од натпреварот влегоа со осум поени предност, 64:56. Гостите од Црна Гора ја намалуваа предноста и најмногу што направија беше три поени негатива, 74:71. Соколите на крајот славеа за прв пат во АБА лигата со 77:71.
Лабовиќ беше најефикасен со 18 поени. Зековиќ додаде 17, а двоцифрен беше и Вркиќ кој постигна 12 поени. Ниту 20-те поени на Суботиќ не беа доволни за победа на Будуќност.
Прва победа за Карпош Соколи во АБА, во следното коло играат против Црвена Звезда во Белград.