Соло акција и нов погодок на Несторовски – Удинезе со пресврт го победи Палермо


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во последниот натпревар од десетото коло во Серија А, фудбалерите на Удинезе славеа на гости против Палермо со 1:3.

    После десет минути игра видовме погодок. Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Палермо, Илија Несторовски по една соло акција го совлада грчкиот голман Орестис Карнезис за водство на Палермо. Водството на домашните траеше со 36-та минута кога Теро го израмни резултатот. Ембало имаше огромна шанса за погодок да го врати водството на Палермо, но Карнезис фантастично одбрани. На полувреме се замина со резултат, 1:1. Пред петнаесет минути до крајот на натпреварот Секо Фофана со својот погодок направи пресврт 1:2. Фофана пет минути после првиот постигнат погодок го постигна и вториот погодок на денешниот натпревар за осигурување на трите бода и победа на Удинезе, 1:3. Илија Несторовски ги одигра сите 90 минути на денешниот натпревар.

    Палермо го запиша шестиот пораз оваа сезона, а Удинезе четвртата победа во шест кола.