„Сонот може да стане јаве“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англија на стартот на квалификациите за Мундијалот ја победи Словачка во гости со 1:0. Голот на одлука го постигна Лалана во петтата минута од судиското продолжение. А Словачка од 57 минута играше со фудбалер помалку бидејќи втор жолт картон доби искусниот Шкртел.

Искусниот Вејн Руни го одигра целиот меч против Словачка. Руни, кој пред натпреварот со Словачка на прес конференцијата изјави дека ова му е последен циклус со државниот грб и дека се надева дека тој со репрезентацијата ќе се прости на СП во Русија, беше среќен после победата над Словачка.

„Како што тргна, сонот може да стане јаве. Освоивме три златни бода и имавме доста среќа бидејќи голот го постигнавме пред што судијата да свирна крај на мечот. Верувам во себе, верувам во овој тим. Уверен сум дека ќе избориме пласман на Мундијалот. Тоа е место каде што планирам да се простам од дресот кој многу го сакам. Гледав неодамна како тоа изгледаше кога Бастијан се простуваше од репрезентацијата. Искрено и мене солзи ми протекоа“, рече Руни кој е засега соиграч со Бастијан.

Зошто засега? Затоа што новиот тренер на Јунајтед не смета на Германецот кој до неодамна беше капитен на селекцијата која е актуелен шампион на светот.

https://www.youtube.com/watch?v=JEvUHE8ybA4