Сонот на белгиецот е кралското бело – Соблекувалната на Челси моли да ја промени одлуката, Реал јасно ги гледа сигналите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгиецот е решен од јуни да го облече белиот дрес, на Стемфорд се обидуваат на сите начини да го задржат.

Тибо Куртоа и Реал Мадрид. Темата поради која со месеци наназад води полемики на фудбалскиот пазар. Меѓутоа, се што се случуваше досега беше испитување на пулсон, посебно откако трансферот на Де Хеа пропадна. Во последните неколку дена работите драстично се променија во корист на Реал, а на штета на Челси.

Марка секогаш добро известена за сите работи поврзани со кралскиот клуб дојде до информација која ја потресе соблекувалната на Челси, Куртоа на сите им кажал дека сака во Реал.

Откако се врати во Лондон после успешната позајмица во Атлетико Мадрид, белгиецот не крие дека многу му недостасува шпанската престолнина, а следното лето овој сон би требало да стане реалност. Тоа е и неговата цел.

Куртоа знае дека Реал бара голман иако Кејлор Навас и понатаму е неприкосновен на голот. Но, Флорентино Перез и понатаму е убеден дека Навас не е достоен за кралскиот клуб и сака со тоа да го измами белгиецот да стигне на Сантијаго Бернабе.

Реал има проблеми со суспензијата со која му е ставена забрана на сите трансфери до лето. А според АС во моментот кога забраната ќе биде укината ќе се тргне во реализцијата на трансферот на Куртоа.

Марка тврди дека имало преговори со претставниците на Куртоа, а треба да потсетиме дека желбата за соработка трае уште од времето кога еден од најдобрите голмани во светот бранеше за Атлетико.

Соблекувалната на Челси, посебно Антонио Конте сакаат ова сценарио да го спречат по секоја цена.