Сосиедад петардиран на Камп Ноу – Барселона во полуфинале (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона го победија Реал Сосиедад на Камп Ноу со 5:2 во реванш натпреварот во четвртфиналето од купот на кралот.

Првиот погодок на натпреварот го видовме во 17-та минута кога Денис Суарез на асистенција на Луис Суарез ја затресе мрежата на гостите.

Во второто полувреме Меси од пенал зголеми на 2:0. По влегувањето на терен, Хуанми постигна погодок за 2:1.

Само минута подоцна Луис Суарез на асистенција на Меси повторно го врати водството од два погодоци на Барселона, 3:1. На 3:2 намали Хозе.

Туран погоди за 4:2 на асистенција на Видал, а конечните 5:2 ги постави Денис Суарез на асистенција на Меси кој го постигна вториот погодок на денешниот натпревар.