Со Венгер не се може – Напаѓач го напушта клубот поради него


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Арсенал, Лукас Перез сака да си замине.

Тоа го тврди неговиот агент, Родриго Фернандез Ловел кој изјави дека не може да се работи со тренерот на Арсенал, Арсен Венгер.

„Нема официјални понуди за него. Ако ги има ќе си замине бидејќи нема шанса да заигра дури Венгер е тука. Сака да игра за голем клуб и без разлика кој ќе биде менаџер до крајот на сезоната тој сака да си замине“, изјави Ловел.

Шпанскиот напаѓач се поврзува со Милан.

„Милан е голем клуб и немаме разговарано, тоа би бил одличен избор за него. Лукас по секоја цена сака да си замине бидејќи не е среќен во Арсенал. Не доби вистинска шанса за игра“, изјави Ловел.

Перез оваа сезона има одиграно само 18 натпревари за Арсенал. Успеа да постигне седум погодоци и да запише шест асистенции.

Минатата година стигна кај топчиите од Депортиво за 20 милиони евра.