Со објавата на Инстаграм, Алваро Мората предизвика гнев кај навивачите на Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот напаѓач Алваро Мората вчера официјално стана новиот играч на Атлетико Мадрид во кој пристигна на една и пол годишна позајмица од Челзи.

Неговото доаѓање во Атлeтико не му се допаѓаше на некои од навивачите на овој клуб кои се против доведувањето на поранешни фудбалери на ривалот Rеал, па Мората се потруди да ги „поткупи“ со една фотографија која ја објави на Инстаграм.

Па така, 25 годишниот Шпанец сподели фотографија од детските денови на која позира во дрес на Атлетико Мадрид и со тоа покажа дека отсекогаш бил приврзаник на црвено- плавата боја.

Мората во описот напиша дека уште како дете сонувал да заигра за Ателетико Мадрид, а тоа пак ги налути фановите на Реал за кој шпанскиот репрезентативец настапуваше во два наврати- од 2010 до 2014 и во сезоната 2016/2017.

Занимливо е тоа што Мората набрзо ќе има прилика да заигра против Реала Мадрид бидејќи градското дерби е на распоред за 9ти февруари.

View this post on Instagram

Con la ilusión de un niño… ?⚪️? #AupaAtleti

A post shared by Álvaro Morata (@alvaromorata) on