Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Луис Енрике најавува тотален напад на Старата дама.
Тренерот на Барселона Луис Енрике најавува тотална офанзива во реваншот од четвртфиналето меѓу Каталонците и Јувентус каде што Старата дама има предност од 3:0.
Сепак, Барса враќаше и поголема предност.
„Ние сме сега во фаза кога сме и понатака во живот на сите фронтови. Имаме самодоверба пред Јувентус. Сигурно е дека во еден момент може да бидеме блиску до враќање во трка. Ќе ризикуваме многу. Толку ќе напаѓаме дури и со осум напаѓачи ако видиме дека немаме што да загубиме“, рече Енрике.
Енрике истакна дека навивачите мораат да имаат верба во момците кои се враќале и од поголема разлика, како во натпреварот од реванш натпреварот против Пари Сен Жермен.
Не знаеме за вас, но сакаме да видиме опција со осум напаѓачи.