Спарси имаат пеколен план, со него можат и до титула!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Тотенхем игра одлично  во оваа сезона, многумина сепак сметаат дека не се способни за највисоките цели, а со ова засилување можат сите да ги демантираат.

    Според наводите на шпанска Марка, Маурисио Покетино е многу заинтересиран за во редовите на Тотенхем  да го доведе играчот за врска на мадридски Реал и шпански репрезентативец Иско!

    Тоа е познато веќе некое време, но новитет е што Тотенхем веќе во јануари е спремен да тргне по одличниот фудбалер.

    Покетино го гледа Иско како идеално решение за својот тим, ќе донесе квалитет а бидејќи е млад може на клубот да помогне на долги стази.

    Сопственикот на клубот Даниел Леви знае дека Покетино многу сака да го види играчот за врска во своите редови и спремен е да му ја исполни желбата веќе во оваа зима бидејќи смета дека ќе има многу повеќе конкуренти во наредното лето.

    Иско сепак е фокусиран на случувањата во Мадрид, сака да се докаже на Зидан и заслужува повеќе минути во дресот на Кралскиот клуб но нема сомневање дека понудата на Спарси може да го заинтригира.

    Ќе има место во стартниот состав, со самото тоа би добил шанса и да се врати во репрезентацијата на Шпанија, а ќе игра и во една од најдобрите тимови во најквалитетната лига на светот.

    Тотенхем и Реал успешно соработуваа во минатото, Модриќ и Бејл Лондон го заменија со Мадрид, можеби е време за еден фудбалер шпанската престолнина да ја замени со англиската.