Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кочо Анѓушев го презеде фудбалскиот клуб од Велес, ФК Борец.
Ова е спас за фудбалот во Велес, спас за ФК Борец, еден од најстарите клубови. Овој клуб го очекуваат подобри денови во иднина. Велешкиот бизнисмен кој е сопственик на многу фирми и компании во Македонија и светот, Кочо Анѓушев е нов сопственик на Борец. Велешанецот најверојатно решил да му помогне на спортот во родниот град бидејќи знае колку тоа им значи на сограѓаните.
Анѓушев минатите денови организираше собрание на ФК Борец на кое и официјално го презеде клубот, а клубот има и управен одбор. Наскоро клубот ќе биде акционерско друштво како што налага и законот за спорт во Македонија.