Спектакл на повидок: Хабиб сака борба со Мејведер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов најави борба со Флојд Мејведер, кој наскоро ќе биде договорен.

Иако претседателот на УФЦ, Дена Вајт најави пресметка помеѓу Хабиб и Тони Фергусон, очигледно такво нешто нема да се случи, па Нурмагомедов ќе го гледаме во рингот со Мејведер.

„Ако се размислува за пари и условите на борбата, тогаш борба со Мејведер ќе биде многу поинтересна. Секогаш тоа ги интересира луѓето. Некои ќе навиваат за мене, некои за него. Таа борба би била многу возбудлива“, кажа Нурмагомедов.

Да потсетиме, Мејведер минатата година во боксерски дуел го победи Конор Мекгрегор, па сега не е јасно дали Нурмагодов би се борел според бокс правила или УФЦ правила.