Спектакл во најава: Погба го доведува големиот пријател на Олд Трафорд за рекорден износ


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Британски Сан тврди дека Манчестер Јунајтед сака по секоја цена во своите редови да го доведе Антоан Гризман.

    Дури се спремни да го искористат и неговиот пријател Пол Погба, со цел да обезбедат негово доаѓање на Олд Трафорд.

    Гризман е главен фудбалер на Атлетико Мадрид, во петокот блескаше во победата на Франција над Бугарија од 4:1 во квалификациите за СП 2018.

    Одличниот напаѓач има откупна клаузула во износ од дури 89 милиони фунти, односно нешто повеќе од 100 милиони евра и на Олд Трафорд се надеваат дека најскапиот фудбалер на светот може да одработи голем дел од работата ако го наговори сонародникот на доаѓање.

    Така Јунајтед ќе зададе голем удар на Челси, кој е најсериозен кандидат за доведување на Гризман.

    Наводно овој фудбалер е најголемо „страдање“ на Жозе Мурињо.

    https://www.youtube.com/watch?v=3hrL05cIrf0