Список на Италија: Вентура го помлади тимот, за сите има место освен за Балотели


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Како што и вети селекторот на Аѕурите повика добар дел на млади сили.

    Италијанската репрезентација помина низ тотална реконструкција. Селекторот Џампјеро Вентура вчера најави дека ќе ја промени препознатливата 3-5-2 како што Италија досега играше кај Конте во 4-2-4 што е заштитен знак во неговата кариера. Од зборови денеска премина на дела.

    Искусниот стручнак го објави списокот на играчи на кои смета за квалификациониот дуел против Лихтенштајн и пријателскиот натпревар против Германија. Како Јоаким Лев кој драстично го подмлади тимот, и Вентура се реши да повика некои млади сили како што вети.

    Прв пат во тимот на Аѕурите се повикани Данило Каталди од Лацио и Матео Политано од Сасуоло. Вентура покрај тие двајца, млади играчи за врска се реши во репрезентацијата да го врати и Леонардо Паволети од Џенова, Лоренцо Исиње од Наполи, Давиде Запакоста од Торино и опоравениот Клаудио Маркизио. На списокот го нема повредениот Киелини.

    Повик во репрезентацијата не доби Марио Балотели иако фудбалски се препороди во Ница и постигнува гол на секои 70 минути во првенството на Франција. Се очекуваше Вентура да го врати Балотели во репрезентацијата, но тоа не се случи…

    Голмани: Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Џанлуиџи Донарума (Милан), Матија Перин (Џенова).

    Одбрана: Лука Антонели (Милан), Андреа Барзаљи (Јувентус), Леонардо Бонучи (Јувентус), Матео Дармијан (Манчестер Јунајтед), Матиа Де Шиљо (Милан), Алесио Ромањоли (Милан), Даниеле Ругани (Јувентус), Давиде Запакоста (Торино).

    Среден ред: Данило Каталди (Лацио), Даниеле Де Роси (Рома), Клаудио Маркизио (Јувентус), Марко Пароло (Лацио), Марко Верати (ПСЖ), Џакомо Бонавентура (Милан), Антонио Кандрева (Интер), Лоренцо Исиње (Наполи), Матео Политано (Сасуоло).

    Напад: Федерино Бернардески (Фиорентина), Никола Сансоне (Виљареал), Андреа Белоти (Торино), Едер (Интер), Маноли Габијадини (Наполи), Чиро Имобиле (Лацио), Леонардо Паволети (Џенова), Симоне Заза (Вест Хем).