Спорен погодок, фати ме ако можеш во режија на Азар и катастрофална грешка на Чех – Машинеријата на Конте го сомели Арсенал (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси го победија Арсенал на Стемфорд Бриџ со 3:1 во натпревар од 24-то коло во ПЛ.

Во 13-та минута Диего Коста со глава шутираше и ја погоди пречката. По одбиената топка Маркос Алонсо со глава погоди за водство на сините.

Пред крајот на првото полувреме Куртоа фантастично го одбрани шутот Габриел со глава и на полувреме Челси имаше минимално водство.

Еден Азар во второто полувреме по една соло акција по втор пат ја затресе мрежата на Чех.

Десетина минути пред крајот на натпреварот Велбек имаше шанса за погодок со глава, но одличниот Куртоа не дозволи да прими погодок.

Чех направи огромна грешка, му додаде на Фабрегас, а шпанецот погоди за 3:0.

Конечните 3:1 ги постави Оливие Жиру со глава во 91-ва минута.