Срам да ти е Дани Карвахал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид ги искажа своите чувства на начин на кој што не требаше после погодокот на Серхио Рамос.

Даниел Карвахал направи голема глупост пред самиот крај на натпреварот поради која мораше да се извини на друштвените мрежи.

Реал стигна до израмнување во 90-та минута по погодокот на Рамос, а Карвахал малку се занесе и му покажа среден прст на навивачите на Барселона.

Камерите тоа го забележаа, го фотографираа и јасно се гледа неговата намера.

„Сакам да се извинам поради гестот кој беше предизвикан од навредите од страна на тој дел од публиката.“

„Направив нешто што не требаше“, напиша Карвахал на Твитер.