Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дефанзивецот на мадритски Реал, Дани Карвахал ќе одсуствува од теренето минимум 2 месеци и тоа поради срцеви проблеми.
На десниот бек на Кралевите од Мадрид му е октриен перкардитис, вирусна инфекција, која влијае на работата на срцето, па ќе мора да паузира најмалку 2 месеци.
Карвахал ќе биде подложен на повеќе тестови. Ова е многу сериозен здравствен проблем, особено за активните спортисти.
Тој сега не смее да се изложуува на физички напори додека опоравувањето не заврши комплетно.
Постои можност паузата да биде и подолга, но да се надеваме дека Карвахал ќе се опорави и порано од предвиденото.
Сигурно ова е уште еден од низата проблеми за Кралевите, кои во наредниот период нема да можат да сметаат на Бејл, Бензема и Хернандез.