Стадион во Германија доби име по навивач!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во продолжние од сезоната, стадионот „Боленфалтор„ во Дармштад ќе го носи името „Џонатан Хајмс„.

Иницијативата ја даде таткото на починатото момче, кое инаку беше голем навивач на Дармштад.

Еден од спонзорите се согласи до крајот на оваа сезона стадионот да има ново име. И претседателот доста се бореше за тоа да биде прифатено од страна на спонзорите.

Хајмс боледуваше од рак цели 12 години и почина на 26 години.

Инаку Џони, како што бше познат беше доста хуманитарен и собираше пари за деца болни од рак.