Стерлинг се извини на судијата: Сакав само да ја шутнам топката, но паднав


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот крилен напаѓач на Мначестер Сити, Стерлинг беше главен актер на насјсрамниот пенал во историјата на Лига на шампиони.

Тој синоќа после натпреварот против Шахтјор се обиде да ја шутира топката, но ја заби ногата во тревата и падна, а судијата покажа на белата точка.

После средбата Стерлинг ја искористи приликата да се извини на Виктор Касаи.

,,Не знам што се случи. Не почувствував никаков контакт, сакав само да ја шутнам топката и паднав. Се извинувам и на судијата”- рече после натпреваро Стерлинг.

Неговиот тренер Пеп Гвардиола додаде дека во Лигата на шампиони е потребна ВАР технологија.

,,Не беше тоа пенал, тоа е јасно. Но во Лигата на шампиони нема начин да се провери на терен, ВАР не постои и тоа е проблем. Судиите прават вакви грешки често. Минатата сезона истото го направија на наша штета против Ливерпул”- рече Пеп.