Суарез може да го пропушти натпреварот против Ла Коруња


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Луис Суарез може да го пропушти натпреварот на Барселона против Ла Коруња во Ла Лига.

    Менаџерот на каталонците, Луис Енрике може да му даде одмор поради неколку причини.

    Напаѓачот има четири жолти картони во лигата и е загрозен да го пропушти натпреварот против Валенсија, доколку го добие петтиот жолт картон.

    Исто така, фудбалерот се враќа од Уругвај, каде што настапуваше за националнит тим. Долгото патување и заморот од одиграните натпревари, исто така може да влијае на одлуката на Енрике, дали да ризикува или да го остави Суарез да одмори.

    Менаџерот има потреба од свеж состав за претстојниот натпревар против Манчестер Сити во Лигата на Шампионите, што е уште една причина Суарез да добие пауза.

    Доколку Суарез не настапи, новото засилување Пако Алкасер ќе добие жанса за игра и можност да го постигне првиот гол за каталонскиот гигант.