До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез во летото 2014 година се одлучи својата кариера да ја продолжи во дресот на Барселона.
Суарез со доста успех го носеше дресот на Ливерпул, но тогаш стигна понуда од Барселона кој овој напаѓач не можеше да ја одбие.
Уругваецот покажа дека се работи можеби за најдобар напаѓач во овој момент, а пред неколку дена ја освои Златната копачка за најдобар стрелец во Европа во минатата сезона.
Сепак, многумина се свесни дека ќе дојде денот кога Суарез ќе ја напушти Барселона, а се чини дека уругвајскиот напаѓач веќе се одлучи кој ќе биде негов следен клуб.
Суарез првите чекори во Европа го направи во Холандија кои му останаа во убаво сеќавање.
„Искрено, би сакал еден ден да се вратам во Ајакс. Сакам на тој начин да се заблагодарам на тој клуб на светот што направија за мене. Ајакс е клуб во кој станав популарен и светот слушна за мене. Речиси сум сигурен дека од Барселона ќе отидам во Ајакс“, рече Суарез.















