Суарез спасител – Барселона избегна пораз на Бенито Виљарамарин од Бетис (ВИДЕО)


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Фудбалерите на Бетис и Барселона ремизираа на Бенито Виљарамарин во натпревар од 20-то коло во Ла Лига.

Бетис прв посериозно се закани по голот на Барселона кога шутираше Себаљос, но Тер Штеген одбрани. Потоа Тер Штеген му одбрани на удар на Кастро. Пред крајот на првото полувреме Нејмар имаше шанса за погодок, но Адан фантастично одбрани.

Себаљос во второто полувреме ја погоди пречката. Во 75-та минута Алегриа погоди за водство на Бетис.

Каталонците имаа две шанси за погодок, но домашните ја избиваа топката од гол линијата. Рубен Кастро со Тер Штеген еден на еден, а подобар од дуелот излезе голманот на Барселона.

Пред крајот на натпреварот Меси му асистираше на Суарез кој ги постави конечните 1:1.