Суперталентираниот Белгиец на радарот на Монако и Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува францускиот Л`Екип, „Кнежевците“ и „Топџиите“ загризаа за еден од најталентираните играчи за врска во Европа.

Според зборовите на францускиот весник, Монако во ова лето може да заврши уште една страшна зделка.

Имено, на листата на желби на тимот од стадионот „Луј втори“ се најде фудбалерот на Андерлехт Јури Тилеманс.

Ова момче веќе неколку сезони е во тефтерот на скаутите на голем број европски клубови, а се споменуваше уште пред неколку сезони дека може да заврши во Борусија од Дортмунд, но остана во Андерлехт и се чини дека не  згреши.

Во оваа сезона постигна неколку одлични голови, што повторно го стави на врвот на листата на желби на неколку европски гиганти, а први меѓу се нив се Монако, но и Арсенал.

Сепак, се верува дека Монако има предност, бидејќи агентот на младиот фудбалер Кристоф Енротеј помагаше на Монако да го купи и и да го проба Јаник Караско, и е во добри односи со клубот.

Монако би било идеално место за продолжување на развојот на Тилеманс, бидејќи е евидентно дека стручниот штаб на Кнежевците работи одлична работа со млади фудбалери, доказ за тоа се Томас Лемар, Килијан Мбапе, Бернандо Силва, Бејнамим Менди и многу други, кои во претходните години експлодираа носејќи го дресот на актуелните лидери на француската Лига 1.

Тилеманс во оваа сезона постигна дури 13 голови во белгискиот шампионат, а се верува дека Андерлехт би прифатил на сума од 20 до 25 милиони евра, што во денешно време за таков играч и повеќе отколку прифатлива сума.

Во прилог потсетете се на неговите два гола во мечот со Остенде, кои го обиколија светот во оваа сезона.