Суперталентираниот тинејџер повеќе сака во Борусија отколку во Реал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вундеркиндот од Шведска смета дека Дортмунд е поздрава средина за негов фудбалски развој…

Шпанска Марка пред неколку дена објави дека Реал Мадрид ја завршува работата околу доведувањето на Александер Исак.

АИК наводно ја прифати понудата на „Лос Бланкоси“, но реализацијата на трансферот е закочена.

За што се работи?

Родителите на талентираниот 17-годишниот сметаат дека е рано за Реал и дека заминување во кралскиот клуб  може да предизвика стагнирање во неговиот развој.

Тие веруваарт дека Борусија од Дортмунд е многу подобра опција, иако и таму е пеколна конкуренцијата во нападот.

Прашање е дали “новиот Ибра“ може да се избори за минути пред Обамејанг, Ројс, Дембеле, Геце, Шурле…

Шведскиот весник „Спортбладет“ наведува дека Исак е речиси извесно дека кариерата ќе ја продолжи во редовите на германскиот гигант.