Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го потпиша новиот шестгодишен договор за ТВ правата за ФА Купот.
Новиот договор со дистрибутери за пренесување надвор од Островот за шест години е вреден дури милијарда долари, а вреди до сезоната 2018/19.
Интересно, излегувањето на Велика Британија од Европсата унија донесе дополнителен профит во овој договор. Поради тоа што фунтата ослабе по напуштањето на ЕУ, двете агенции преговараа за купување на ТВ правата во долари.
„Pitch International“ и „IMG“ ги откупија правата во вкупна вредност од милијарда долари, односно 830 милиони фунти.
Така натпреварите од англискиот ФА Куп и понатаму ќе се пренесуваат ширум планетата, а ова натпреварување е едно од најпопуларните во светот на фудбалот.