Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан зборуваше на прес конференцијата после поразот од Севиља.
Реал имаше до 85 минута водство од 1:0 на Рамон Санчез Писхуан, но Севиља со автоголот на Серхио Рамос и новиот гол на Стеван Јоветиќ стигна до голем пресврт.
„Никој не сака да губи, посебно не на овој начин, но тоа е фудбалот и мораме тоа да го прифатиме. Игравме три натпревари во 10 дена, моравме малку да го менуваме системот, но не испадна добро. Во секој случај, добар натпревар, Севиља е добра екипа и сигурно ќе се бори за титулата“, рече Зидан, а тогаш се наврати на автоголот на Рамос.
„Горди сме на нашиот капитен. Тој одигра одличен меч, а автоголовите се случуваат во фудбалот. Покажа дека сепак е голема личност“, истакна Зидан.