Тандемот Дибала-Игуаин кобен за наполитанците – Јуве со пресврт го победи Наполи (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус на Јуве Арена го победи Наполи во првиот натпревар од полуфиналето во купот на Италија, 3:1.

Игуаин пропушти голема шанса за погодок. Во 36-та минута од натпреварот Инсиње му асистираше на Каљехон за водство на Наполи.

Пред крајот на првото полувреме голманот на Наполи, Реина фантастично ги одбрани ударите на Манџукиќ и Барзаљи.

На почетокот на второто полувреме Кулибали направи прекршок во казнениот простор, а судијата покажа на белата точка. Дибала беше прецизен и го израмни резултатот.

Игуаин во 64-та минута направи пресврт и ги израдува навивачите на Јувентус по втор пат. Четири минути повторно пенал за бјанконерите, овој пат Реина беше виновникот. И повторно Дибала го совлада Реина од белата точка, по втор пат на денешниот натпревар за конечни 3:1.

Реванш натпреварот се игра на Сан Паоло на 5-ти април.