Тандемот Санчез – Жиру го уништи Сандерленд – Арсенал го презеде врвот


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во првиот натпревар од десетото коло во ПЛ, фудбалерите на Арсенал славеа на гости против Сандерленд со 1:4.

    Чемберлејн во 20-та минута испрати центаршут, а Алексис Санчез се најде на вистинското место и со глава погоди за водство на Арсенал, 0:1. Месут Озил потоа имаше голема шанса за зголемување на водството, но шутот му беше одбранет. Во вториот дел беше досуден пенал за Сандерленд, а го направи Чех. Џермејн Дефо ја зеде топката и погоди за израмнување. Влезе Оливие Жиру и само две минути после влегувањето на теренот ја затресе мрежата на Пикфорд. Пет минути подоцна нов погодок на Жиру и водство на топчиите од 1:3. Пред десет минути пред крајот на натпреварот Киеран Гибс ја погоди стативата, а одбиената топка стигна до Алексис Санчез кој ги постави конечните 1:4.

    После победата топчиите го презедоа врвот од Манчестер Сити. Сандерленд останува закован на дното на табелата во ПЛ.