Таткото на преживеаниот голман: Бог го сочува син ми


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Не постојат зборови кои можат да ја опишат тагата што вчера го погоди бразилскиот и светскиот фудбал.

    Во авионската несреќа што се случи во Колумбија загина речиси целиот тим на Чапекоенсе, каде што патувале на првиот финален натпревар од Копа Судамерикана.

    По истрагата, беше откриено дека само пет лица ја преживеале несреќата, вклулуваќи го и голманот на клубот, Џексон Фолман на кого лекарите му ја ампутираа ногата.

    „Шансите за преживување пад на авионска несреќа се речиси непостоечки. Тоа што мојот син е еден од преживеаните е чудо од Бога“, изјави таткото Паоло.

    Тој додаде дека семејството се уште нема разговарано со Џексон, ниту пак има добиено детални информации за неговата здравствена состојба. Тој исто така истакна дека очекува дека за ден или два ќе патува за Колумбија за да биде заедно со својот син.