До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Не доаѓа во предвид да се врати на местото на успехот. Но, изгледа дека има цел…
Пеп Грардиола долго ќе остане во Сити, како што сега стојат работите, но многумина веќе се занимаваат со иднината, се споменуваше дека после 2020 година може да се врати во Барселона, или да преземе некоја репрезентација.
Малку повеќе светло фрли неговиот татко Валенти кој ја исклучи Барселона како „втор дел“ на седењето на клупата на Пеп во клубот каде што ја посвети играчката кариера.
„Да се врати?: Што да работи, да собира топки“, ироничен е Валенти.
Таткото на Пеп рече дека менаџерот на Сити сигурно нема да биде никогаш повеќе тренер на Барселона, а не верува дека го привлекува претседателската функција.
„Неговото време таму е завршено“, рече Гвардиола сениор.
Од друга страна, опција не е ни репрезезентацијата на Шпанија.
„Нека мислат што сакаат, тој е мојот став. Мислам дека може да ја тренира независна Каталонија, никако Шпанија“, откри овој господин.
Но, јасно, прво Каталонија треба да стане независна држава.
Што се однесува до Катар, тој тајминг може да се поклопи со 2022 година односно Мундијалот, но и тоа е тешко остварливо.
Има една друга опција која често се става во втор план, но Гвардиола наводно има амбиција да работи во Италија. Тој играше за Бреша, Карло Мацоне го охрабри да се занимава со тренерска работа, и сега често се навраќа во Ломбардија која ја обожава, а наводно соевремено го одби Милан, со порака дека во иднина повторно ќе разговараат.
Се е јасно дека зависи од Сити и резултатите, многумина веруваа дека повеќе од три сезони ќе остане во Баерн, а сите знаеме што се случи…















