Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид освои осум медали на турнир ЧЕШКА ОПЕН 2017


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овај викенд учествуваше на меѓународен теквондо итф А класа турнир ЧЕШКА ОПЕН 2017 во НИМБУРК ЧЕШКА, кој е најсилен турнир во централна Европа за оваа пролетна натпреварувачка сезона, каде учествуваат едни од најсилните ИТФ репрезентации.

На овај турнир зедоа учество над 570 натпреварувачи од Македонија, Русија, Украина, Чешка, Полска,Бугарија, Словенија, Молдавија,Естониа, Финска, Холандија, Франција,Словачка, Грција, Латвија и Полска. Ова беше сјајна прилика да го провериме до каде е нашиот квалитет и да видиме кој од нашите натпреварувачи може да не радува во иднина на некое Светско или Европско првенство.

На овај турнир беше собран европскиот Таеквондо ИТФ џет сет, каде ги тестираа нивните репрезентации за европското првенство кое ќе се одржи за еден месец во Ливерпул –Велика Британија.

На овај турнир учествуваа повеќе светски шампиони како што се, Албена Малчева, Олга Борисенко,Антон Огорелков, Рами шау, Петра Фрохличкова и др.

Покрај првиот состав на репрезентациите беа донесени и другите кандидати за репрезентација, што му даде дополнителна тежина на ова натпреварување,слободно можеме да кажеме дека ова беше слично на Европско со квалитет на натпреварувачи така и со организација.

На овај турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан и Ацо Јосифоски црн појас 4 дан , натпреварувачите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ги одмерија силите во 4 дисциплини борби,форми, специјални техники и тест на снага- поединечно.

И покрај големиот притисок и конкуренција нашите натпреварувачи повторно дадоја максимум од себе и не израдуваа со 8 медали, 3 сребрени и 5 бронзени. Освојувачи на медали се Давид Крстески сребро борби деца до 10 години -32 кг Божидар Димитриевиќ сребро борби деца до 14 години +50 кг Миле Климоски сребро борби Б класа сениори -64 кг Христијан Деспотоски бронза борби Б класа сениори -64 кг Филип Јосифоски бронза борби Б класа сениори -64 кг Давид Велковски бронза борби јуниори -51 кг Филип Трифуноски бронза борби деца до 14 години +50 кг Елена Јнаеска форми жолт појас девојки до 14 години Давид Крстески и Миле Климоски за многу малку изгубија во финалните борби и не успеааја да се качат највисоко на пиедесталот. Дека Ќе земеме медал од ваков натпревар бевме скептици, пошто нашите натпреварувачи се со многу пониски појаси, но отидовме по секоја цена да докажеме дека полека се качуваме на скалата на квалитетни натпреварувачи.

Ова е огромен успех за нашиот клуб ,пошто имаме натпреварувачи кои ветуваат во иднина дека можат да постигнат врвни резултати. Повторно нашите натпреварувачи направија да се чувствуваме горди и ја претставија нашата држава во најубаво светло. Воедно Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ , кој и овај пат е најзаслужен за нивното учество на овај врвен натпревар и за нивниот успех.