Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе учествува на ЧЕШКА ОПЕН 2017 во НИМБУРК ЧЕШКА


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овај викенд ќе учествува на меѓународен теквондо итф А класа турнир ЧЕШКА ОПЕН 2017 во НИМБУРК ЧЕШКА, кој е најсилен турнир во централна Европа за оваа пролетна натпреварувачка сезона, каде ќе учествуваат едни од најсилните ИТФ репрезентации како што се Русија, Украина, Чешка, Полска.

Оваа е прилика да го провериме до каде е нашиот квалитет и да видиме кој од нашите натпреварувачи може да не радува во иднина на некое Светско или Европско првенство

На овај турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан и Ацо Јосифоски црн појас 4 дан , натпреварувачите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе ги одмерат силите во 4 дисциплини борби,форми, специјални техники и тест на снага- поединечно.

Се надеваме дека и овај пат претсатвниците на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди. Воедно Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, кој и овај пат е најзаслужен за нивното учество на овај престижен турнир.