До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овај викенд ќе учествува на најквалитетниот меѓународен теквондо итф турнир БУГАРИЈА ОПЕН 2016 во Пловдив,Бугаријаија, кој е еден од најпрестижните турнири во југоисточна Европа и пошироко, каде земјите учесници на овај турнир ги избираат цвоите репрезентации за идната година,
На овај турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион, натпреварувачите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид како поединечно, така ќе ги одмерат силите и екипно во кадети-машки до 14 години, и сениори-машки. На овај турнир силите ќе се одмеруваат само во една дисциплина, спаринг –борби . Се надеваме дека и овај пат претсатвниците на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди.
Воедно Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ , кој и овај пат е најзаслужен за нивното учество на овај престижен турнир.















