До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Барселона и Арсенал, е воодушевен со играта на Манчестер Сити и смета дека во Премиер лигата им нема рамен.
„Граѓаните“ под Пеп заблескаа, иако имаше сомневање дека тој својот стил нема да може да го имплементира во „островскиот“ фудбал.
Сити од стартот на сезоната е стопронцентен, одиграа осум мечеви, со седум различни ривали и секој пат славеа.
Во минатото коло од Премеир лигата триумфираа во градското дерби против Манчестер Јунајтед, а во саботата го прегазија Бурнмут.
Поранешниот француски фудбалер, а сега асистент на Роберто Мартинез во репрезентацијата на Белгија, смета дека ќе биде потребно „нешто специјално“ за Сити да се запре во походот на титулата.
„Тие ќе бидат се подобри, ќе мора нешто специјално да се случи за тие да не бидат шампиони“, почна Анри.
„Го упропастија Бурнмут, а да не беше грешката на Клаудио Браво против Манчестер Јунајтед, верувам дека ќе имаа подобро второ полувреме и дека победата ќе беше и поубедлива“, додаде Французинот.
„Во првиот состав немаше толку нови засилувања, но се гледа во вториот состав во тоа што се очекува од нив и што тренерот од нив бара. Тоа се гледа и кога ја имаат топката, но и кога се бранат“, изјави поранешниот играч на Арсенал и Барселона.
Анри истотака е импресиониран како постигнаа така голем број на голови без својот најдобар стрелец Кун Агуеро.
„Кога во минатата година не беше Агуеро, немаше кој да постигне гол. Сега сите даваат голови, навистина е тешко да се запрат“, заклучи легендарниот фудбалер.















