Тие допрва ќе владеат во Европа: Ова е најдобриот тим составен од сите фудбалери помали од 21 година


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познатиот француски весник „L`equipe“ традиционално го објави својот избор за најдобрите млади фудбалери, а оваа година во конкуренција влегоја играчи кои се родени во 1995. година и помлади.

Така е избрана најдобрата екипа во формација 4-4-2, а изборот открива всушност како оваа екипа има важна улога во сите најсилни европски лиги.

Милан и Баерн имаат по два претставника, додека по еден имаат Арсенал, Баер, Валенсија, ПСЖ, Тотенхем, Манчестер Сити и Борусија Дортмунд.

Погледнете како изгледа оваа екипа:

Џиџи Донарума (17, Милан) – Хектор Белерин (21, Арсенал), Алесио Ромањоли (21, Милан), Џонатан Тах (20, Баер), Џо Луис Гаја (21, Валенсија) – Џошуа Кимич (21, Баерн), Адриен Рабиот (21, ПСЖ), Ренато Санчез (19, Баерн), Деле Али (20, Тотенхем) – Габриел Жесус (19, Манчестер Сити), Усман Дембеле (19, Борусија Дортмунд).