Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доминик Тим лесно го победи Јуичи Сугита во четвртфиналниот натпревар на АТП турнирот во Барселона, 2:0 во сетови.
Јапонецот направи брејк во воведниот гем, 0:1. Тим набрзина возврати и го израмни резултатот, 1:1. Во четвртиот гем австриецот ја искористи брејк-топката и стигна до водство, 3:1. Доминик направи брејк и во шестиот гем, па на својот сервис беше сигурен и го доби првиот сет со 6:1 после 24 минути игра.
Вториот гем од вториот сет донесе брејк, 0:2 за Сугита. На свој сервис јапонскиот тенисер не освои ниту еден поен, па Тим намали на 1:2. Тим со двата брејка во петиот и седмиот гем стигна до лесна победа на овој натпревар, 6:2.
Тим во полуфиналето на АТП турнирот во Барселона ќе игра со подобриот од дуелот Мареј – Рамос Вињолас.