Тите ја укина ротацијата, се знае кој е „газда“ во Бразил


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите денес го именуваше играчот на ПСЖ, Нејмар за постојан капитен на репрезетнацијата на Бразил.

Тите на овој начин ја укина политиката на ротација на капитенската лента по која капитени на Светското првенство во Русија беа Тијаго Силва, Мирана и Марсело.

Тите оваа одлука ја донесе пред пријателскиот натпревар против САД.

Нејмар рече дека одговорноста како капитен ќе биде добра за него.

„Ја прифатив капитенската лента бидејќи многу научив и уште многу ќе учам. Оваа одговорност е добра работа за мене“, рече Нејмар.

Репрезентацијата на Бразил на Светското во Русија беше елиминирана од Белгија во четвртфиналот.

„Сакам да им се извинам на навивачите кои беа лути поради поразот. Верувавме дека можеме да ја освоиме титулата, но тоа не беше можно“, изјави тој.