До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Првиот човек на Баерен од Минхен Карл Хајнц Румениге порача дека неговиот клуб нема да ја менува трансфер политиката.
Како што сите знаеме, Баерн поголем дел доведува и потпишува со фудбалери од Германија или Баварија, а таа политика на клубот ќе продолжи и во наредните години.
Румениге се наврати и на трансфер политиката на англиските клубови, велејќи дека тоа за него е нешто како киднапирање.
„Не сакаме да доведуваме десетгодишни или 11-годишни како Англичаните. Тоа што тие го прават може да се нарече киднапирање. Јас би имал морална двојба. Нашиот фокус се играчи од Германија и Баварија. Подобро е наш талент да доаѓа од Розенхајм отколку од Рио“, рече Румениге.















