„Тоа што го прават големите англиски клубови е брука“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот напаѓач на Њукасл Алан Ширер е разочаран од пристапот на клубовите од Премиер лигата во ФА Купот.

Ширер смета дека менаџерите на најсилните клубови од Англија со бројни промени во стартните состави на тие натпревари ги лажат навивачите, и покажаат непочитување кон тоа натпреварување.

Тринаесет тренери од Премиер лигата направија 98 промени во однос на стандардните состави на лигашките натпревари, а овој тренд почнаа да го следат и клубови од Чемпионшип како Лидс, Њукасл, Брајтон…

„Клубовите мислат само за пари додека навивачите ги интересира трофеи, а тоа е многу несреќна околност. За мене тоа е брука и не разбирам зошто тоа се прави. Се сложуваме дека младите играчи треба да добијат шанса, но не шест или седум на ист натпревар. Од третото коло до финале има шест натпревари, а јас мислам дека не е многу да се игра со силен состав“, порача Ширер.

Промени во составите ги чинеше многу клубови во 4 рунда на ФА Куп, а се издвојува Ливерпул кој испадна од Вулверхемптон. Клоп на тој натпревар промени дури девет играчи во однос на стандарниот тим.