Толку од престојот во Скопје – МЗТ го раскина договор со Мејси и Томас


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Раководството на МЗТ Скопје Аеродром соопшти дека ги раскина договорите со американците Џеремаја Мејси и Тори Томас.

    После вчерашната оставка на тренерот Емил Рајковиќ, во следниот период улогата на нов тренер ќе ја има првиот помошник, Александар Јончевски.

    „Би ги демантирале денешните шпекулации во медиумите за евентуалните наследници на Рајковиќ и би апелирале во иднина да не се изнесуваат непотврдени информации, кои само му штетат на реномето на нашиот клуб“, соопштија од клубот.