Топчиите во паника: Пристигна неверојатна понуда за најголемата ѕвезда


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Алексис Санчез е главната движечка сила на Арсенал оваа сезона. Одличниот Чилеанец игра одлилно, а меѓу Топчиите постои страв дека нема да ја продолжи соработката со лондонскиот тим.

    Актуелниот договор го врзува до 2018. година, а се очекува наскоро дека соработката ќе ја продолжи заедно со Месу Озил. Британските медиуми тврдат дека му подготвуаат, според кој би заработувал 130,000 фунти неделно.

    Сепак, прашањето е дали поранешниот напаѓач на Удинезе и Барселона тоа ќе го прифати, бидејќи на „Емирати“ пристигнала неверојатна понуда.

    Ако им веруваме на британските медиуми еден кинески клуб го сака Алексис во своите редови, и е подготвен да му понуди плата од дури 250,000 фунти неделно.

    Доколку оваа информација е точна, тешко дека Алексис ќе може да одбие ваква понуда.