Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тотенхем во новата 2017. година влезе со убедлива победа од 4:1 на гостувањето во Вотфорд.
Се беше решено уште во првите 45 минути по што Тотенхем имаше резултат од 3:0.
Патот до победата го отври Хари Кејн со головите во 27. и 33. минута. Тоа исто така беше и 100. настап на англискиот напаѓач во Премиер лигата, а со овие два гола стигна до бројка од 59 гола. Така го изедначи рекордот на легендарниот напаѓач на Арсенал, Тиери Анри.
А потоа на сцената стапи Али, кој постигна гол во 41. и 46. минута.
Вотфорд во 92. минута постигна гол со што го ублажи поразот.
„Петлите“ благодарение на оваа победа сега се на третата позиција со 39 бода, колку што има и Манчестер Сити.