„Тој е супермен“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо го пофално зборуваше за Златан Ибрахимовиќ, после што Швеѓанецот со два гола донесе на Црвените ѓаволи победа против ВБА.

Посениот го нарече Златан Супермен.

„Тој е играч кој на никого ништо не треба да докажува. Дојде во најтешката лига на светот пред крајот на кариерата и мислам дека докажа дека е Супермен“, истакна Мурињо, и додаде:

„Тоа што го работи е фантастично. Има 35 години, а верувам дека 10 години помладите напаѓачи сонуваат да играат како него“, додаде Мурињо.