Трагедија за Танде, Стох победник на четирите скокалници


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Бишосхофен се спушти завесата на 65-та новогодишна турнеја на четирите скокалници.

Пољакот Камил Стох е победник на четирите скокалници.

Како лидер во денешното натпреварување влезе Даниел Андре Танде кој славеше во Гармиш и Инсбурк, но имаше разочарувачки скок во другата серија. Танде поради страничниот удар од ветрот успеа да скокне само 117 метри и не успеа да се искачи на победничкиот подиум.

Стох со скоковите од 134.5 и 138.5 собра 289.2 бода и заврши на првото место, а тоа му го донесе трофејот на четирите скокалници.

Австриецот Михаел Хајбек имаше фантастично издание, го освои второто место со 283.3 бода. Првиот пат скокна 130.5 метри, а потоа во втората скокна дури 142 метри. Трет беше Пољакот, Пјотр Жила со 283.3 бода (131 и 137 метри).

Во вкупниот пласман, Стох заврши прв со 997.8 бода. Жила втор, а Танде трет. Четврт заврши Мачиеј Кот. Во светскиот куп лидер е Домен Превц со 646 бода, следува Танде со 637 бода, а Стох сега е трет со 633 бода. Штефан Крафт со 510 е на четвртото место.