Трансферот на Икарди ќе го шокира целиот свет


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Контроверзниот аргентински напаѓач Мауро Икарди се е поблиску до заминување од Интер.

    Икарди е во конфликт со навивачите на Нероаѕурите, а веќе се јавуваат тимови кои сакаат да го искористат неговиот конфликт со сите околу клубот.

    Италијанските медиуми тврдат дека како нов клуб на 23-годишниот напаѓач може да биде лондонски Вест Хем.

    Наводно, Чеканите за услугите на овој фудбалер се спремни да издвојат 25 милиони евра, што е многу помалку пари отколку што е откупната клаузула во договорот.

    Интер во текот на летото одбиваше понуди од Наполи, кој нудеше и повеќе од 60 милиони евра за овој фудбалер.

    Евентуален трансфер на Икарди во Вест Хем ќе го шокира цел свет, бидејќи Аргентинецот порано се поврзуваше со Арсенал, Реал Мадрид, Јувентус.