Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Охрид на домашен паркет го победија Пелистер во натпревар од 15-то коло во македонската ракометна прва лига, 28:24.
Првото полувреме охриѓани го добија со шест погодоци предност, 16:10. Пелистерци во второто полувреме се вратија во натпреварот и го израмнија резултатот. Голманот на Охрид, Благојче Трајковски беше фантастичен до крајот на натпреварот и домашните на крајот победија со 28:24.
Бобан Блажевски со 8 погодоци го предводеше Охрид. Јосип Кежиќ и Лазар Адамовиќ постигнаа по 6 погодоци. Кај Пелистер најефикасен натпреварот го заврши Златко Везенковски со 7 погодоци.
11 победа за Охрид, а 3 пораз за Пелистер оваа сезона. Охрид се наоѓа на првата позиција додека Пелистер е втор.